Мицкоски: Меморандум со Казанџи груп за градба на гасни централи во вредност од една милијарда евра

Куманово. 10 јули 2025 – Крупни енергетски проекти најави претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната трибина на градскиот плоштад во Куманово на тема „Од енергетска стабилност до силна економија“. Од Куманово Мицкоски соопшти дека на последната седница на Владата официјализиран е меморандумот за соработка со „Казанџи груп“.

– Вчера на седница на влада се официјализираше меморандум за соработка со компанијата „Казанџи груп“ којашто е светски гигант во енергетиката и е заинтересирана за инвестиции од една милијарда. На ова му претходеа бројни средби со „Казанчи Холдинг“, која со своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, рече Мицкоски.

Зборувајќи за компанијата, тој посочи дека е водечка турска компанија со над 25 години искуство, работи со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум земји и оти работат во 22 земји на четири континенти.

РЕКЛАМА

-Со нив имаме план за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Сето ова е зафат димензиониран на инвестиција од над една милијарда евра. Градењето на когенеративни гасни централи, се единственото трајно решение за загадениот воздух. Сè друго би значело ставање на проблемот под тепих. Со ова покажуваме дека мислиме и работиме за иднината на нашата држава, рече Мицкоски.

Пред кумановци кажа дека е донесена инвестицијата за ветерниот парк од 450 милиони евра што ќе се гради во Карбинци, Штип и Радовиш, без како што нагласи специјални закони, загарантиран откупи, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава.

Извор: МИА

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads