Скопје. 14 јули 2025 – Владата и турската компанија „Казанџи груп“ активно работат на прецизирање на локациите за изградба на гасни електрани во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека засега се разгледуваат неколку опции во Скопје, Куманово и Тетово, додека преговорите со инвеститорот продолжуваат.
„Во игра се неколку локации – во Скопје има неколку опции, како и во Куманово, Тетово и други поголеми градови. За Битола, прашањето со затоплување е веќе решено со проектот за топлификација од РЕК Битола“, изјави Мицкоски.
Премиерот најави и дека Владата паралелно води разговори со уште неколку странски инвеститори за реализација на ваков тип енергетски проекти. Како потенцијални локации за идни гасни централи се споменуваат и Прилеп, Велес, Штип, Струмица и Кавадарци.
Енергетика 24