МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година

Скопје. 02 Мај 2025 – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци од Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13,8% во споредба со истиот месец минатата година.

Особено охрабрувачки е растот од 12,9% во групата „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, што укажува на стабилност и динамичен развој на енергетскиот сектор. Со усвојувањето на новиот Закон за енергетика, се очекува овој позитивен тренд да продолжи и во наредниот период преку засилени инвестиции во обновливи извори на енергија, модернизација на електроенергетската мрежа и развој на батериски системи за складирање електрична енергија. Законот предвидува јасни механизми за поддршка на енергетските проекти, што ќе придонесе за одржлив раст и долгорочна енергетска сигурност.

Министерството останува посветено на спроведувањето стратешки политики кои обезбедуваат сигурно, достапно и еколошки одржливо снабдување со енергија за граѓаните и стопанството. Во наредниот период, приоритет ќе биде реализацијата на проекти што промовираат поголема енергетска независност и стабилност на системот. Новата законска рамка ќе овозможи интензивна интеграција на обновливите извори на енергија, поефикасно управување со мрежата и зајакната заштита на правата на потрошувачите.

Advertisement

Извор: Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement