МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година

Скопје. 30 јануари 2026 – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес извести дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигнал историски највисоко ниво.

Според податоците на министерството, наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, (околу 19,9 милиони евра) претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Македонија.

Во продолжение се прикажани официјалните споредбени податоци за наплатата за 2024 и 2025 година.

РЕКЛАМА

1. Споредбена табела – Вкупна наплата (2024–2025)

ГодинаСклучени договори за концесииВкупна наплата (денари)% промена
2024342561.544.717,00
20252891.223.455.203,00218%

2. Споредбена табела – Наплата по квартали (2024–2025)

Квартал2024 (денари)2025 (денари)% зголемување
1 квартал124.134.205,00274.353.054,00221%
2 квартал135.752.006,00290.291.395,00214%
3 квартал143.811.912,00397.594.664,00276%
4 квартал157.846.594,00260.107.167,00164%
Вкупно561.544.717,001.223.455.203,00218%

3. Клучни причини за зголемувањето

Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:

  • Засилени инспекциски контроли и теренски проверки.
  • Испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските.
  • Едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот).
  • Ступување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100%.
  • Подобра координација меѓу Министерството и општините.

4. Ефекти врз државата и општините

Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.

Зголемената наплата овозможува:

  • Значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите.
  • Инвестиции во комунална инфраструктура.
  • Поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори.
  • Поголеми средства за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба