МЕПСО: Преносниот систем е стабилен. Засега нема потреба од активирање на времените мерки

Скопје. 01 мај 2025 – Електроенергетскиот систем е стабилен, сигурен и под постојан 24-часовен надзор од Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО, соопштија денес од комапнијата. Сите параметри на преносната мрежа се во нормални граници, а досега не била потребна примена на мерките одобрени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во моментов нема ризици за стабилноста на мрежата.

Според одлуката на РКЕ од 30 април, АД МЕПСО, како оператор на преносниот систем, од 1 мај до 31 октомври може да примени привремени и строго контролирани мерки само доколку постои реална закана за стабилноста на системот. Овие мерки вклучуваат можност за исклучување на производители на електрична енергија приклучени на преносната или дистрибутивната мрежа, без пресметување на отстапувања за исклучените производители. Повластените производители нема да бидат засегнати.

Овие превентивни мерки се во согласност со стандардите на ENTSO-E (Европската мрежа на оператори на преносни системи) и се применуваат во исклучителни случаи, кога производството од фотоволтаични системи ја надминува потрошувачката, за да се одржи фреквенцијата и да се регулира евентуален дебаланс во системот.

Advertisement

Целта е да се обезбеди сигурен, стабилен и доверлив енергетски систем, со одговорно и безбедно управување на обновливите извори на енергија.

Извор: АД МЕПСО

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement