МЕМО: Започна тестирањето на Пазарот во тековниот ден

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО започна со тестирање на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), нов сегмент на организираниот пазар на електрична енергија кој ќе овозможи тргување во реално време, односно во текот на самиот ден на испорака.

Со воведувањето на овој механизам, учесниците ќе можат пофлексибилно да управуваат со своите позиции, купувајќи и продавајќи електрична енергија поблиску до моментот на реализација, што се очекува да придонесе за поефикасен и постабилен пазар.

Во рамки на подготовките, на сите активни учесници на пазарот „ден однапред“ им е овозможен пристап до новиот систем за тргување M7. Од денес тие можат да ги тестираат неговите функционалности во контролирана околина, пред официјалното пуштање во употреба.

РЕКЛАМА

Од МЕМО најавуваат дека во наредниот период ќе се спроведе и сеопфатно (end-to-end) тестирање, кое ќе ги опфати и процесите на номинација, со цел целосна техничка и оперативна подготвеност на пазарот.

Преку M7 порталот, учесниците имаат пристап до алатката за тргување ComTrader, релевантна документација и упатства, како и симулациска околина за практична подготовка.

Техничка поддршка за користење на системот е обезбедена во работни денови од 14:00 до 16:00 часот.

Воведувањето на Пазарот во тековниот ден претставува значаен чекор кон модернизација на електроенергетскиот пазар во земјата и негово приближување кон европските стандарди и практики.

Извор: MEMO

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил