Скопје. 9 септември 2025 – Во август 2025 година, повластените производители на електрична енергија од обновливи извори во Македонија оствариле производство од 19.859 MWh, покажуваат податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО.
Најголем удел имаат ветерните електрани со производство од 11.708 MWh, следени од малите хидроцентрали со 3.206 MWh. Фотоволтаичните капацитети придонеле со 1.862 MWh, додека термоелектраните на биогас и биомаса со 3.084 MWh.
Учеството на обновливите извори во вкупното производство на електрична енергија во земјата изнесува 4,43 %, што претставува намалување во споредба со претходните месеци.
Вкупната инсталирана моќност на повластените производители останува 177.842 MW. МЕМО и понатаму ја има улогата на балансно одговорна страна за производителите кои користат повластени тарифи за производство од обновливи извори.
Овие податоци укажуваат на силното влијание на сезонските услови, особено врз хидро и соларните капацитети, како и на клучната улога на ветерната енергија во месечното производство од обновливи извори.

Извор: МЕМО