МЕМО: ПОДАТОЦИ ЗА КОЛИЧИНИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, МАРТ 2025

Скопје. 24 април 2025 – Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО) во текот на изминатата недела објави дека во март 2025 година, за задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-потрошувачката, била продадена електрична енергија во износ од 533 GWh.

Според МЕМО, на пазарот на електрична енергија минатиот месец биле реализирани трансакции од сопствено производство во висина од 497 GWh, од кои ЕСМ учествува со 286 GWh односно 57.5%, а потоа следуваат независните производители со 94 GWh, односно 18.9%, виртуелните производители со 76 GWh или 15.3% и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 41 GWh, односно 8.3%.

Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето- потрошувачката изнесува 93.3%.

Advertisement

Извор: МЕМО

Извор: МЕМО

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement