МЕМО: Домашното производство целосно ја покри потрошувачката на електрична енергија во јули 2025

Скопје. 14 август 2025 – Во јули 2025 година, вкупната нето-потрошувачка на електрична енергија во државата изнесувала 460 GWh, а домашното производство достигнало 551 GWh, со што целосно (100%) биле задоволени потребите на пазарот без потреба од увоз, покажуваат податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје.

Најголем производител останува ЕСМ со 214 GWh или 38,8% од вкупното домашно производство. Потоа следуваат:

  • Независни производители – 192 GWh (34,9%)
  • Виртуелни производители – 121 GWh (22,0%)
  • Повластени производители (со тарифа) – 24 GWh (4,3%)

Овие податоци потврдуваат исклучително висок степен на енергетска независност во текот на јули, со значајно учество на независните и виртуелните производители, кои заедно обезбедија над половина од вкупната произведена електрична енергија.

РЕКЛАМА

Извор: МЕМО

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads