МЕМО: 40-ти учесник и 40% раст. Македонската берза на струја бележи силна динамика

Скопје. 5 декември 2025 – Македонската берза на електрична енергија продолжува да го зголемува бројот на активни трговци и да го зајакнува својот пазарен капацитет. На ден-однапред пазарот официјално се приклучи GSA Energy, компанија што стана 40-ти регистриран учесник.

GSA Energy, основана во 1993 година, важи за значаен регионален трговец со електрична енергија и доверлив партнер во Југоисточна Европа. Компанијата развива напредни модели за интеграција на производство од обновливи извори, технологија за складирање и ефикасно тргување, со цел да обезбеди стабилни и одржливи енергетски решенија.

Од МЕМО истакнуваат дека годинава е забележан раст на тргувањето од 40% во однос на лани, што го оценуваат како показател за зголемена доверба на пазарните учесници, стабилност на системот и континуирана работа на операторот за поголема ликвидност и транспарентност.

РЕКЛАМА

„Нашиот пазар станува сѐ поатрактивен и подинамичен. Продолжуваме да инвестираме во развој и подобрување на услугите“, велат од МЕМО, додавајќи дека заедничкиот напредок на сите учесници е двигател на енергетскиот сектор во земјата.

Извор: МЕМО

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба