СТАВ: Една година Министерство за енергетика

Михаил Пановски

За прв пат во нашата повеќепартиска историја имаме министерство за енергетика. Периодот од формирањето е сè уште краток за да се даде целосна оценка, особено ако се има предвид дека станува збор за министерство со исклучително широк делокруг. Сепак, би сакал да издвојам неколку мои согледувања од областа што најдобро ја познавам и во која го поминав целиот мој работен век — електропреносниот систем, со фокус на активностите, мерките и реформите што беа реализирани во изминатата година.

Имено, јавноста многу малку знае за тешката состојба во која се наоѓаше АД МЕПСО во изминатите години: недостиг на стручен кадар, значително заостанување во процесите, како и неисполнување на меѓународните обврски — беа само еден мал дел од проблемите со кои се соочи новиот менаџмент на компанијата. Во изминатата година беа започнати и делумно реализирани следниве процеси и реформи:

РЕКЛАМА

  • Усвоени се измени на Правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загуби во електропреносната мрежа, со што се овозможи дел од загубите АД МЕПСО да ги набавува на берзата на МЕМО, ден однапред. Ова значително придонесува за намалување на трошоците за набавка на електрична енергија.
  • Донесени се измени во Правилата за балансирање, со кои се намалуваат дебалансите во системот и се поттикнуваат БОС и производителите од обновливи извори подобро да планираат и активно да учествуваат на пазарот со балансна енергија.
  • Процесите за алокација на капацитети на границите со Бугарија и Србија преку аукциската куќа ЈАО се во тек и се реализираат на транспарентен начин.
  • МЕПСО, заедно со консултантот OMNIA, ангажиран од Светската банка, изврши контролна проверка на транспонираноста на САСМ регулативата во националното законодавство. Започна процес на усвојување регионални и национални методологии, клучни за пазарно спојување и пресметка на капацитети, како и за приклучување кон SELENE – центарот за сигурносни пресметки за Југоисточна Европа.
  • АД МЕПСО учествуваше во изготвувањето на финалниот амандман на ENTSO-E, испратен на одобрување од ACER, со кој се дефинираат регионите за пресметка на капацитети.
  • Значително е подобрен мрежниот модел за сигурносни пресметки и анализа на мрежата.
  • Максимално е ажуриран процесот за спојување на пазарите на електрична енергија меѓу Македонија, Грција, Косово и Албанија.
  • Подобрена е соработката со ЕВН, со што периодот на отчитување на броилата е скратен од 45 на 15 дена.
  • Подобрена е и соработката со Електрани на Македонија, што овозможи подобра оптимизација на производствените процеси и поквалитетни cost-benefit анализи за балансната енергија.
  • Усвоени и применети се препораките на RGCE и SOC во однос на сајбер безбедноста и оперативното планирање на сигурноста на мрежата.
  • АД МЕПСО успешно ја помина евалуацијата на ENTSO-E во ноември 2024 година.

Сите овие активности, иако јавноста сè уште не е доволно информирана за нив, се од исклучителна важност за стабилното и квалитетно функционирање на нашиот енергетски систем, како и за успешно усогласување со европските регулативи. Тие се резултат на визијата и исклучителната ангажираност на ресорната министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во периодот што следува, Македонија мора да се насочи кон забрзана изградба на интерконекции со соседните системи, особено со Албанија. Приоритет треба да биде изградбата на нови 400 кВ трафостаници во Охрид и Полошкиот регион, како и набавка на шант-реактори за 400 кВ трафостаници, за навремено справување со ризиците од пренапони.

Дополнително, изградбата на гасни когенеративни капацитети е од исклучителна важност, бидејќи тие можат значително да придонесат кон балансирањето на енергетскиот систем.дадат значаен придонес во балансирањето на енергетскиот систем.


Михаил Пановски е поранешен пратеник во Собранието на Македонија, поранешен член на Управниот одбор на АД МЕПСО и енергетски експерт.

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads