МЕМО: Обновливите извори обезбедија 13% од вкупната електрична енергија во април

Скопје. 08 Мај 2025 – Во април 2025 година, повластените производители на електрична енергија од обновливи извори во Македонија произвеле вкупно 58.979 мегават-часови (MWh), покажуваат податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО. Овој обем на производство претставува 13,16% од вкупната електрична енергија испорачана во системот.

Најголем удел во производството имаат малите хидроелектрани, со 92 активни објекти кои заеднички произвеле 38.774 MWh. Следат две ветерни електрани, со вкупно 15.547 MWh, како и пет термоелектрани на биогас и биомаса кои придонеле со 3.083 MWh. Фотоволтаичните електрани, и покрај тоа што ги има 79 на број, овој месец оствариле релативно скромно производство од 1.576 MWh.

Вкупната инсталирана моќност на сите повластени производители изнесува 177,842 мегавати (MW). МЕМО е балансно одговорна страна за овие производители, кои користат повластени тарифи за продажба на електрична енергија добиена од обновливи извори.

Advertisement

Подетални информации за месечната статистика на производство може да се најдат на официјалната страница на МЕМО: линк.

Тип на електранаБрој на електраниПроизводство (MWh)Удел во вкупното производство (%)
Мали хидроцентрали9238.77465,77%
Фотоволтаични електрани791.5762,67%
Ветерни електрани215.54726,36%
Биогас/Биомаса ТЕЦ53.0835,23%
Вкупно17858.979100%
Извор: Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО

Извор: МЕМО

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement