Град Скопје со ребалансот на буџетот најавува топлотни пумпи и фотоволтаици во училиштата

Скопје. 13 март 2026 – Советот на Град Скопје вчера го усвои ребалансот на буџетот, со кој се предвидуваат нови инвестиции во образованието, вклучително и поставување топлотни пумпи, фотоволтаични системи, санација на училишни дворови и поставување нова урбана опрема.

Градоначалникот на Орце Ѓорѓиевски изјави дека со воведувањето на топлотните пумпи ќе се укине греењето на нафта во училиштата под надлежност на Град Скопје.

„Инвестираме во топлотни пумпи со што повеќе нема да има училиште во рамки на Град Скопје кое ќе се грее на нафта. Тоа е голем чекор напред кон почист воздух и поздрава животна средина за нашите деца“, рече Ѓорѓиевски.

РЕКЛАМА

Покрај тоа, со ребалансот се предвидува поставување фотоволтаични системи на училиштата, обновување на училишните дворови и поставување нова урбана опрема.

„Кај мене зборот е збор. Нема импровизации и празни ветувања. Има работа, и само работа“, порача градоначалникот.

Проектот за фотоволтаици беше најавен уште во декември минатата година, кога Ѓорѓиевски соопшти дека сите средни училишта во Скопје ќе бидат опфатени со системи за производство на електрична енергија од сонце до крајот на неговиот мандат.

Станува збор за значајна инвестиција која ќе донесе економски и еколошки придобивки, како и модернизација на образовните установи во главниот град.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил