Скопје. 02 Jуни 2025 година — Македонија се наоѓа меѓу европските држави со најниска потрошувачка на енергија по жител, покажуваат податоците за 2023 година објавени од Европската статистичка служба – Евростат, минатиот месец. Според извештајот на Евростат, просечната потрошувачка во земјата во 2023 година само 75 гигаџули (GJ) по лице, што е значително под просекот на Европската Унија.
Податоците објавени од Еврростат ја прикажуваат Македонија во светложолта боја, групирана со земји како Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои се во најниската категорија на енергетска потрошувачка (60–90 GJ по жител). За споредба, земји како Исланд (700 GJ), Норвешка (253 GJ) и Луксембург (234 GJ) се на врвот на листата според потрошувачка, пред сè поради високото индустриско производство и природните ресурси.

Во поширокиот балкански регион, потрошувачката на енергија по жител во Македонија е значително пониска отколку во Србија (101 GJ), Бугарија (103 GJ) и Хрватска (120 GJ). Единствените земји со пониска потрошувачка се Албанија (34 GJ), Косово (60 GJ) и Босна и Херцеговина (60 GJ).
Овие бројки укажуваат на значајни разлики во нивото на индустриски развој, инфраструктурата и пристапот до енергија.
Иако ниската потрошувачка може да се протолкува како показател за енергетска ефикасност, експертите предупредуваат дека во контекст на Југоисточна Европа често се работи за ограничен пристап до енергија, стари мрежи и енергетска сиромаштија. Тие сметаат дека ниската потрошувачка сама по себе не значи дека земјата е ефикасна, напротив, тоа често укажува дека граѓаните и индустријата немаат пристап до доволно и сигурна енергија.
Извор: Евростат