ЛНГ: Европа плаќа повеќе, но за првпат купува сигурност

2025 година ја потврди лекцијата што Европската Унија ја учи уште од првите денови на енергетската криза: независноста има своја цена, но безбедноста чини уште повеќе. Рускиот гас некогаш беше синоним за евтин и сигурен извор, но политиката покажа дека цената на „безбедноста“ може преку ноќ да стане непроценлива. Затоа, иако LNG чини речиси двојно повеќе, Европа денес плаќа свесно – за да купи стабилност, предвидливост и контрола врз сопственото снабдување.

Цените се навистина високи: 40 до 45 евра за мегават-час, пикови од 16 долари/MMBtu во зима и пад до 11 во мај, но никогаш под нивото на некогашниот руски гас. Во 2025 година, Унијата првпат увезе повеќе LNG отколку гас преку гасоводи, со 8,4 милиони тони наспроти 8,2 милиони во првиот квартал. Ова е повеќе од статистика, тоа е стратегиски чекор во насока на констатацијата дека Европа веќе не сака да зависи од вентилите во Москва.

Финансиски, товарот е очигледен: 5,3 милијарди евра потрошени за увоз само во првиот квартал, што е речиси 45% повеќе од минатата година. Малопродажните сметки за гас во ЕУ пораснаа за околу 6%, што не е занемарливо за граѓаните и индустријата. Но, оваа сметка треба да се чита и поинаку: тоа е цената на гаранцијата дека ќе има енергија во зима, без политички уцени и закани за прекин на испораките.

РЕКЛАМА

Рускиот гас е и натаму поевтин, 20–27 евра/MWh, но веќе е гас за Азија, не за Европа. Во геополитичкиот пазар, цената повеќе не е само економска категорија, туку и прашање на слобода на избор. Европа избра LNG иако е поскап, затоа што тој носи нешто што парите тешко се мерат – безбедност.

Да, LNG има и свои слабости од еколошки трошоци, сложена логистика, па се до потреба од скапа инфраструктура, но тоа е горивото на транзицијата. Тоа е мостот што ќе овозможи континентот да издржи додека обновливите извори не ја преземат главната улога. Во таа смисла, цената на LNG не треба да се гледа само како финансиски товар, туку како инвестиција во иднината.

Клучната порака е јасна: Европа плаќа повеќе, но за првпат купува сигурност. А во свет во кој енергијата станува оружје, тоа можеби е највредната инвестиција што може да се направи.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads