Leasys и ЕИБ со заедничка инвестиција од 600 милиони евра за чист транспорт во Европа

Leasys и Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе инвестираат по 300 милиони евра во рамки на заеднички проект вреден 600 милиони евра за развој на одржлив транспорт во Европа. Проектот „Pan-European Clean Fleet Transport“ предвидува распоредување флота од 24.000 возила со нулта емисија во десет европски земји, меѓу кои Италија, Франција, Германија, Шпанија и Португалија.

Средствата ќе бидат искористени за проширување на понудата на електрични возила на Leasys и за поттикнување поширока примена на електромобилноста на европските пазари, како кај деловните, така и кај приватните корисници.

Станува збор за прва соработка меѓу двете институции, која, според најавите, ќе донесе значајни еколошки придобивки – намалување на емисиите, подобрување на квалитетот на воздухот и пониско ниво на бучава во урбаните средини. Проектот истовремено ќе го поддржи развојот на синџирот на вредности за чиста мобилност во Европа и ќе поттикне иновации во секторот.

РЕКЛАМА

„Поддршката на чистиот транспорт е клучен дел од климатските цели на ЕИБ. Компаниите за изнајмување и лизинг, кои управуваат со милиони возила, имаат важна улога во електрификацијата на европскиот возен парк“, изјави потпретседателот на ЕИБ, Амброаз Фајол.

Извршниот директор на Leasys, Андреа Бандинели, истакна дека договорот ќе овозможи побрз одговор на растечката побарувачка за возила со нулта емисија и ќе придонесе за изградба на модерна и целосно електрична флота низ Европа.

Leasys е заедничко претпријатие на Stellantis и Crédit Agricole Personal Finance & Mobility и управува со флота од над 950.000 возила во 11 европски земји. Европската инвестицка банка, како финансиска институција на ЕУ, е еден од клучните поддржувачи на проекти за климатска транзиција и одржлив развој.

Извор: Eib.org

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба