Јоргенсен: SMR реакторите се клуч за одржлива енергетска иднина на Европа

Брисел. 2 септември 2025 – Малите модуларни реактори (SMRs) ќе играат пресудна улога во обезбедувањето на климатска одржливост, енергетска независност и индустриска конкурентност на Европа. Ова го истакна европскиот комесар за енергетика и домување, Дан Јоргенсен во својот завршен говор на Генералното собрание на Европската индустриска алијанса за SMRs.

„Пред нас е долг пат, но имаме јасна дестинација: да ги поставиме првите SMR проекти во Европа до почетокот на 2030-тите“, рече Јоргенсен, додавајќи дека без нуклеарната енергија „не постои сценарио во кое можеме да останеме под 1,5 степени глобално затоплување“.

Комесарот нагласи дека SMRs претставуваат „пресвртница за посилна, побезбедна и поодржлива нуклеарна индустрија“ и дека тие се „клучни за декарбонизацијата, за електрификацијата на тешко-декарбонизирачките сектори и за засилување на европската технолошка предност“.

РЕКЛАМА

Во своето обраќање, Јоргенсен ги пофали напорите на Алијансата, која за една година успеа да привлече над 350 членови и да формира осум технички работни групи. „Вашата работа демонстрира што може да се постигне кога владите, индустријата и истражувачите работат заедно под заедничка цел“, порача тој.

Јоргенсен најави дека во наредните денови Алијансата ќе објави Четиригодишен акционен план, што ќе биде „првиот чекор кон успехот на SMRs во Европа“, а Европската комисија до крајот на годината ќе претстави стратегија за оваа технологија. Во меѓувреме, ќе биде отворен повик за докази и ќе се одржи Форум на засегнати страни со цел да се соберат идеи од поширок спектар политички и општествени актери.

„Да продолжиме со оваа работа, бидејќи заедно го трасираме патот кон одржлива енергетска иднина за цела Европа“, заврши европскиот комесар Дан Јоргенсен.

Извор: Европска комисија

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба