ИНТЕРЕСНО: Ваучер за гориво од 1.000 денари како бонус за онлајн сметка во Халкбанк

Халкбанк воведе можност за целосно онлајн отворање платежна сметка, но она што најмногу привлекува внимание е бонусот, односно ваучер од 1.000 денари за гориво. Овој бенефит доаѓа како дополнителна мотивација за граѓаните да ја искористат дигиталната услуга, без потреба од посета на филијала.

Во услови кога цените на горивата растат поради геополитичките тензии и војната со Иран, ваквите поволности стануваат уште поактуелни. Секое олеснување за граѓаните, особено кога станува збор за трошоци како гориво, е повеќе од добредојдено.

Секој полнолетен резидент на Македонија може да отвори сметка преку интернет, под услов да има електронска идентификација преку OneID. Процесот е едноставен и безбеден: вклучува дигитална идентификација, внесување лични податоци и електронско потпишување документи.

РЕКЛАМА

Но, во фокусот останува практичната корист, ваучерот за гориво, кој доаѓа веднаш по успешно отворена сметка и може да се искористи на бензински станици на Макпетрол.

По отворањето, корисниците добиваат пристап и до електронско банкарство, што значи дека сите финансиски услуги им се достапни онлајн – брзо, лесно и со дополнителна заштеда преку добиениот ваучер.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил