Атина. 15 октомври 2025 – Според најновата анализа на Институтот за енергетика на Југоисточна Европа (IENE), концептот на „енергетска доминација“ на САД сè повеќе ја надминува рамката на домашната политика и станува дел од американската надворешна стратегија. Во Југоисточна Европа, оваа стратегија се реализира преку зајакнување на енергетската безбедност, диверзификација на снабдувачките рути и намалување на зависноста од руски нафта и гас.
САД ја користат својата растечка улога како водечки извозник на течен природен гас (ЛНГ) и преку дипломатски активности се позиционираат како снабдувач и стратешки партнер за регионот. Грција, Хрватска и Турција се клучни точки во развојот на нови ЛНГ терминали, FSRU постројки и гасни интерконектори кои го поврзуваат пазарот на Југоисточна со поширокиот европски енергетски систем.
Американското вклучување не се ограничува само на комерцијални инвестиции, туку вклучува и политичка поддршка со цел да се создаде поконкурентен и потранспарентен регионален енергетски пазар. Овој пристап е дел од пошироките цели на Вашингтон – ограничување на руското влијание, поддршка на сојузниците и поттикнување на енергетската транзиција кон почисти извори.
Според анализата, САД денес се позиционирани како клучен партнер за земјите од ЈИЕ кои настојуваат да ја намалат зависноста од руски енергенси. Со снабдување на големи количини LNG, сурова нафта и напредни енергетски технологии, Вашингтон ја зајакнува својата улога во модернизацијата на регионалната инфраструктура и во интеграцијата на пазарите со трансатлантската енергетска мрежа.
Сепак, анализата предупредува дека долгорочниот предизвик ќе биде усогласувањето на овие увози со климатските и декарбонизациските цели на ЕУ. Иако зголемениот увоз на LNG може да придонесе за стабилност и разновидност на енергетскиот микс, земјите од регионот ќе мора внимателно да ја балансираат потребата за сигурно снабдување со целите за премин кон нискојаглероден енергетски систем.
Целата анализа може да ја прочитате на овој линк.
Извор: Iene.eu