Хрватска во 2026 година планира 1,6 милијарди евра за зелена транзиција

Хрватската влада во 2026 година ќе вложи 1,6 милијарди евра во енергетска транзиција, управување со отпад и заштита на животната средина. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Марко Приморац при претставувањето на Предлог-буџетот за 2026 година, кој од владината седница е упатен во Собранието.

Според распределбата на средствата, 27% се наменети за енергетска инфраструктура, вклучително и изградба на гасовод кон Словенија и Унгарија. За енергетска обнова на колективни станбени згради и објекти во јавниот сектор се издвојуваат 28%, додека 12% ќе одат за изградба на центри за управување со отпад. Најголемиот дел, 33% е предвиден за унапредување на јавниот водоснабдителен систем.

Буџетскиот предлог за 2026 година проектира приходи од 35,7 милијарди евра и расходи од 39,8 милијарди евра. Приходите се повисоки за 2,7 милијарди евра во однос на ребалансираниот план за оваа година, а расходите за три милијарди евра.

РЕКЛАМА

Проекциите се темелат на очекуван економски раст од 2,7% во 2026 година, по годинава во која се предвидува раст на БДП од 3,2%. И покрај сложените макроекономски и геополитички услови, хрватската економија и понатаму ќе биде меѓу најбрзо растечките во Европската унија, истакна Приморац.

Извор: Energetika-net.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба