Хрватска ќе гради најмалку три мали модуларни нуклеарни електрани

Загреб. 19 септември 2025 – Хрватската влада планира изградба на најмалку три мали модуларни нуклеарни електрани, изјави енергетскиот експерт Ивица Јакиќ гостувајќи во „Студио 4“ на ХРТ.

Јакиќ објасни дека ваквите електрани претставуваат нова генерација на нуклеарна технологија, која Европската унија веќе ја вклучила во категоријата на нискојаглеродни извори. „Малите модуларни реактори се независни, сигурни и ефикасни. Во себе имаат гориво за 20 години работа и не бараат надворешни ладилници, бидејќи користат технологија со натриеви соли“, рече тој.

Според него, предностите на овие централи се брзата изградба – три до четири години, ценовната прифатливост и можноста за децентрализирано производство. Една единица има капацитет од 75 мегавати, а електраната се состои од повеќе модули, со вкупна моќност од 300 до 500 мегавати.

РЕКЛАМА

„Електраните се произведуваат фабрички како готови модули и се монтираат на лице место. Тие можат да бидат пуштени во работа за најмногу пет години“, нагласи Јакиќ, додавајќи дека користат и рециклирано нуклеарно гориво, како и дека нуклеарниот отпад останува складиран во самата електрана за целиот век на нејзиното траење.

Извор: Hrt.hr

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба