Грчката компанија MORE пушти во употреба ветерна електрана од 43,2 MW близу границата со Македонија

Атина. 25 април 2025 – Компанијата за обновлива енергија Motor Oil Renewable Energy (MORE), дел од Motor Oil Hellas, доби оперативна лиценца за својата ветерна електрана со капацитет од 43,2 MW, лоцирана во близина на границата со Северна Македонија. Електраната, која се наоѓа во регионот Аминдео, беше во пробна работа од четвртиот квартал на 2023 година.

Ветерниот парк Келас (Kella) располага со девет турбини Nordex N-149, со номинален капацитет од 43,2 MW и максимален капацитет од 40 MW. Проектот е финансиран од матичната компанија преку обврзница од 41,3 милиони евра, која во 2023 година беше рефинансирана со 47 милиони евра.

Advertisement

Инаку, MORE моментално управува со 839 MW од обновливи електрани и има цел да достигне 2 GW до 2030 година, со проекти во развој од речиси 3 GW. Компанијата неодамна заврши и ветерна електрана во Фокида, со што вкупниот капацитет заедно со електраната во Аминдео достигнува 65 MW.

Во изминатите две години, компанијата инвестираше над 1,6 милијарди евра во обновливи извори на енергија. Компанијата влезе во партнерство со Premier Energy во Романија за соларни електрани со складирање на енергија, а работи и на проекти за батерии во Грција. Заедно со GEK Terna, MORE изгради гасна електрана од 877 MW во Комотини, која наскоро ќе започне со редовна работа.

Извор: More Energy

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement