Грција сака крај на зависноста од рускиот гас

Атина. 19 јули 2025 – Грчката влада ја реафирмираше својата заложба да ја прекине зависноста од рускиот природен гас, кој и понатаму учествува со значителни 43,7% од вкупниот увоз во првата половина на 2025 година. Сепак, Атина поставува три клучни услови за оваа енергетска транзиција.

Прво, процесот не смее да доведе до повисоки цени на енергијата за потрошувачите. Второ, рускиот гас не смее повторно да влезе на европскиот пазар под етикета „турски бленд“. Трето, европските компании мора да бидат заштитени од правни и финансиски последици при раскинување на долгорочни договори со Газпром.

Овие позиции беа реафирмирани за време на состанокот во Атина минатиот четврток, каде што грчки владини претставници разговараа со европскиот комесар за енергија и домување, Дан Јоргенсен, во која прилика ЕУ функционерот го пренесе ставот на Европската комисија дека потребно е забрзување на процесот на енергетска независност, што останува особено сложен предизвик за Југоисточна Европа и Грција.

РЕКЛАМА

И покрај зголемениот увоз на американски течен природен гас (LNG), рускиот гас во периодот јануари–јуни 2025 сè уште сочинуваше 16,4 TWh од вкупно 37,5 TWh увезен гас во Грција. Тоа претставува намалување во однос на минатогодишните 50,7%, но зависноста останува висока.

Грчката влада се соочува со сложена задача, да замени над 40% од снабдувањето со гас до крајот на 2027 година, без да предизвика зголемување на цените пред изборниот циклус 2026–2027. Инфлацијата и натаму е упорна, а евентуални покачувања на енергетските сметки би можеле да имаат сериозни политички последици.

За разлика од земјите во северна Европа, кои имаат пониска зависност од руска енергија, грчката транзиција е значително покомплицирана – и економски, и политички.

Извор: EnergyPress

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads