Грција потпиша прв долгорочен договор за увоз на американски ЛНГ

Атина. 7 ноември 2025 – Грција потпиша 20-годишен договор за увоз на 0,7 милијарди кубни метри течен природен гас (ЛНГ) годишно од САД, што претставува прв долгорочен енергетски договор меѓу двете земји и дел од пошироките напори на Европа за замена на рускиот гас.

Спогодбата е постигната меѓу грчката државна компанија за гас ДЕПА, енергетската фирма Актор и американската компанија Venture Global, која гради извозен терминал во сојузната држава Луизијана, потврди за Ројтерс потпретседателката на Venture Global, Шејлин Хајнс.

Договорот следи неколку месеци по потпишувањето на трговскиот пакт меѓу администрацијата на Доналд Трамп и Европската унија во јули, според кој Европа се обврза да купува енергенси од САД во вредност од 250 милијарди долари годишно во наредните три години – вклучувајќи нафта, ЛНГ и нуклеарна технологија – со цел да го замени рускиот увоз до 2027 година.

РЕКЛАМА

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави во Атина дека договорот претставува „нова ера во енергетската соработка меѓу двете земји“.

„Грција некогаш беше на крајот од енергетскиот систем доминиран од Русија. Денес, таа станува почетна точка, влезна порта за американската енергија во Европа,“ рече Рајт.

Во последните години, Грција значително го зголеми увозот на американски ЛНГ, ја прошири својата гасна инфраструктура и поддржа транспортна шема што преку гасоводот преку Бугарија и Романија може да испорачува гас и до Украина.

Вашингтон на конференцијата во Атина нагласи дека целта е целосно заменување на рускиот гас во Западна Европа во наредните години, додека министерот Рајт увери дека САД ќе продолжат да обезбедуваат снабдување за Украина во текот на оваа година.

Извор: Ekathimerini.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба