Грција очекува најмалку 17 американски ЛНГ танкери во првиот квартал од 2026 година

Во Грција ќе пристигнат најмалку 17 танкери со течен природен гас (ЛНГ) од САД во првиот квартал од 2026 година, што ја потврдува нејзината сè поголема улога како регионален снабдувач за Балканот, и пред целосната оперативност на Вертикалниот коридор.

Според распоредот, 14 танкери ќе пристигнат на терминалот Ревитуса, по четири во јануари и февруари и шест во март, со вкупна испорака од над 11 терават-часови гас, главно наменети за Бугарија. Терминалот во Александрополис се очекува да прими најмалку еден танкер месечно, со можност за дополнителни испораки во февруари и март, со што вкупниот број би достигнал 17.

Ова значи просечно пет до шест ЛНГ бродови месечно, што претставува невообичаено висок обем за Грција. Аналитичарите оценуваат дека засилениот интерес од САД може да го направи Вертикалниот коридор поатрактивна рута кон Украина, откако ќе се надминат почетните оперативни предизвици.

РЕКЛАМА

По тројното зголемување на американскиот извоз на природен гас лани – на 8,59 терават-часови од 2,90 терават-часови во 2024 година – најавените испораки ја потврдуваат улогата на Ревитуса и Александруполис како клучни енергетски јазли во регионот.

Во меѓувреме, пониските температури низ Европа ја зголемија потрошувачката на гас и активноста на спот-пазарот. Цените пораснаа за речиси 40 отсто од почетокот на јануари и во петокот достигнаа 37,6 евра за мегават-час. Трговците пријавуваат силна побарувачка за спот-испораки во Грција и на Балканот, што отвора можност за дополнителни пратки надвор од тековниот распоред.

Извор: Energypress.eu

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба