Грција ја зацврсти позицијата како нето-извозник на електрична енергија во 2025 година

Атина. 2 јануари 2026 – Грција во 2025 година значително ја зацврсти својата позиција како нето-извозник на електрична енергија, покажуваат податоците на енергетскиот регулатор RAAEY. Нето-извозот достигнал 2.671 GWh, што претставува речиси осумкратно зголемување во однос на 307 GWh во 2024 година.

По првото остварување на нето-извозен биланс по децении нето-увоз во 2024 година, најновите податоци потврдуваат дека земјата трајно се позиционира како извозник на електрична енергија.

Клучен фактор за оваа трансформација се пониските големопродажни цени на струјата во Грција во споредба со соседните пазари, пред сè поради високото учество на обновливите извори. Вкупното производство на електрична енергија во 2025 година пораснало за 7% на годишно ниво, при што обновливите извори задржале стабилен удел од околу 47%.

РЕКЛАМА

Вкупното производство достигнало околу 56,6 TWh, наспроти 53,1 TWh во 2024 година. Производството од обновливи извори е зголемено за 8% на 26,9 TWh, поттикнато од значајно проширување на инсталираните капацитети, предводени од фотоволтаични електрани со нови околу 2,5 GW.

Домашната потрошувачка во 2025 година останала релативно стабилна на ниво од 51,4 TWh, додека зголемениот извоз главно бил поддржан од раст од 8% на производството од гасни електрани.

Извор: Energypress.eu

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба