Њујорк. 6 септември 2025 – Меѓународните нафтени и гасни компании најавуваат нов бран отпуштања во 2025 година, по масовните кратења на персонал минатата година. Причините се падот на цената на суровата нафта и забрзаната консолидација во секторот.
Фјучерсите на Брент суровата нафта се поевтинети за околу 10% од почетокот на годината, под влијание на зголеменото производство од ОПЕК+ и неизвесната побарувачка поврзана со трговската политика на САД.
Според најавите и потврдените информации од компании и синдикати, плановите за отпуштања изгледаат вака:
- Halliburton – отпушти 290 работници во Аргентина и затвори локална канцеларија.
- OMV – австриската група ќе намали 2.000 од вкупно 23.000 вработени (8,6%).
- ConocoPhillips – најави кратење од 20% до 25% од работната сила.
- SLB – продолжува со реорганизација и отпуштања, бројките не се објавени.
- Chevron – ќе намали меѓу 15% и 20% од глобалната работна сила.
- APA Corp – веќе отпушти 300 работници, што е речиси 15% од персоналот.
- BP – ќе отпушти околу 7.000 луѓе, односно повеќе од 5% од кадарот.
- Petronas – најави намалување од околу 10% од вработените.
- Civitas Resources – ќе скрати 10% од работната сила.
- Harbour Energy – укинува 250 работни места во Велика Британија.
- Equinor – лани најави кратење од 20% во секторот за обновлива енергија (250 луѓе).
- Shell – планира намалување на персоналот во истражување и развој на нафта и гас за 20%.
- Exxon Mobil – лани отпушти околу 400 работници во Тексас по преземањето на Pioneer Natural Resources.
Со овие потези, индустријата се обидува да ги намали трошоците и да ја одржи конкурентноста во услови на нестабилен пазар и забавени инвестиции во обновливи извори.
Извор: Ројтерс