Голдман Сакс предвидува пад на цените на нафтата до 2026 година

Њујорк. 16 април 2025 – Инвестициската банка Голдман Сакс очекува цените на нафтата да опаѓаат до крајот на 2025 година и во текот на 2026 година, со оглед на зголемениот ризик од рецесија и зголемената понуда од групата ОПЕК+. Банката предвидува дека цените на нафтата Брент и ВТИ ќе се намалат, со просечни вредности од 63 долари и 59 долари за барел, соодветно, до крајот на 2025 година, и 58 долари и 55 долари во 2026 година.

Имајќи ги предвид слабите изгледи за економски раст во услови на глобална трговска војна, Голдман Сакс проценува дека побарувачката на нафта ќе порасне за само 300.000 барели до крајот на 2025 година. Меѓу другото, од средината на март годинава, банката, ја намалила прогнозата за раст на глобалната побарувачка за четвртиот квартал од 2026 година за 900.000 барели дневно поради ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина.

Advertisement

Притоа, Голдман Сакс предвидува големи вишоци на нафта од 800.000 барели дневно во 2025 година и 1,4 милиони барели дневно во 2026 година, што ќе продолжи да врши притисок за намалување на цените. Во сценарио на глобално економско забавување или целосно укинување на доброволните намалувања на производството од 2,2 милиони барели дневно од страна на ОПЕК+, цените на Брент би можеле да паднат во опсегот од 40 долари во 2026 година, а во екстремни услови дури и под 40 долари, наведува банката.

Голдман Сакс исто така ја намалила прогнозата за снабдување со нафта од шкрилци во САД за четвртиот квартал од 2026 година за 500.000 барели дневно.

Извор: OilPrice.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement