Германски бизнис-лидери бараат доследна енергетска трансформација

Берлин. 14 ноември 2025 – Група извршни директори од водечки германски компании упатија јавен апел до федералната влада во Берлин да не го забавува темпото на енергетската транзиција и да обезбеди „стабилни и предвидливи политички услови“ за стопанството. Иницијативата, координирана од Фондацијата за климатска економија, обедини директори од компании како Aldi Süd, Rolls-Royce, Strabag и други индустриски гиганти, кои претставија план од дванаесет точкиза задржување на конкурентноста без правење компромис со климатските цели.

Во апелот се наведува дека усогласувањето на бизнис интересите со климатските политики е клучно за да се спречи климатската заштита „да стане жртва за слабата економска состојба“ во земјата. Наместо тоа, високите цени на енергенсите, падот на извозните пазари, прекумерната бирократија, недоволната дигитализација и геополитичките тензии се посочуваат како вистинските фактори што го кочат растот и ги оптоваруваат компаниите.

Бизнис лидерите предлагаат забрзување на развојот на нови технологии, меѓу кои и решенија за фаќање и складирање јаглерод (CCUS), брзо воспоставување функционален пазар за водород, како и проширување на електрификацијата и капацитетите за обновлива енергија. Истовремено, тие бараат мерки за намалување на цената на електричната енергија и континуиран развој на европскиот систем за тргување со емисии (EU ETS).

РЕКЛАМА

Апелот содржи и критика на бавната администрација, а компаниите бараат владата да го забрза планирањето, носењето одлуки и дигитализацијата. Како итен чекор го наведуваат брзото усвојување на европската Директива за енергетски перформанси на објектите (EPBD) во германското законодавство, и тоа во соработка со индустријата.

Иако Германија засега е на добар пат да ги исполни климатските цели за 2030 година, економијата стагнира од енергетската криза во 2022 година. Дел од аналитичарите предупредуваат дека владата би можела да ја ублажи климатската амбиција по „реалност-чек“ извештајот на енергетското министерство, кој главно се фокусираше на електроенергетскиот сектор.

Извор: Кlimawirtschaft.org

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба