Берлин. 18 август 2025 – Во првата половина од 2025 година потрошувачката на енергија во Германија пораснала за 2,3% во споредба со истиот период од минатата година, покажуваат податоците на германската Работна група за енергетски биланси (AGEB).
Вкупната потрошувачка изнесувала 1.525 милијарди киловат-часови, а зголемувањето се должи на постуденото време и повисоката побарувачка за греење. Дополнителен фактор е намаленото производство на електрична енергија од ветерници за 18%, што било надоместено со поголема употреба на гас и камен јаглен.
Како резултат, емисиите на стакленички гасови се зголемиле за шест милиони тони.
Потрошувачката по енергенти во споредба со минатата година изгледа вака:
- природен гас: +4,7%
- нафта: +2,6%
- камен јаглен: +0,1%
- лигнит: +1,4%
- обновливи извори: +1,3%
Во првата половина од годината, 77% од потрошувачката се покривала со фосилни горива – нафта (35%), гас (28%), камен јаглен и лигнит (по 7%), додека само 21% потекнува од обновливи извори.
Стручњаците предупредуваат дека, за разлика од 2024 година кога енергијата и емисиите се намалија, вакви резултати тешко ќе се повторат во 2025 година. Минатата година вкупната потрошувачка беше 2.927 милијарди киловат-часови, што е за 1,1% помалку отколку во 2023 година.
Извор:Cci-dialog.de