Германија ќе ги намали сметките за струја со државни субвенции од 2026 година

Берлин. 23 август 2025 – Германија од 2026 година ќе воведе државна субвенција од 6,5 милијарди евра со цел да се намалат високите трошоци за електрична енергија, соопшти германското Министерство за економија, пренесува агенцијата ДПА.

Средствата ќе бидат наменети за покривање на трошоците за пренос на струја, кои се една од клучните причини за растот на сметките на домаќинствата и компаниите. Субвенцијата ќе се финансира преку посебен државен фонд за климатска и енергетска трансформација.

Владата најави дека мерката ќе придонесе за ублажување на товарот од мрежните такси, кои последните години значително пораснаа поради проширувањето на електричната мрежа и преминот кон обновливи извори на енергија.

РЕКЛАМА

Паралелно, Берлин веќе усвои и други олеснувања – потрошувачите на гас ќе бидат ослободени од плаќање на т.н. такса за складирање, а од 2026 година ќе стапи во сила трајно намалување на данокот на струја за преработувачката индустрија.

Сепак, генералното намалување на данокот за сите граѓани, кое беше ветено во коалицискиот договор, засега нема да се реализира поради буџетски ограничувања, што предизвика силни критики од јавноста и стопанството.

Извор: Cleanenergywire.org

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба