Германија го продолжува даночното ослободување за електрични возила до 2035 година

Берлин. 6 октомври 2025 – Германската влада потврди дека ќе го продолжи ослободувањето од данок на моторни возила за електрични автомобили до 2035 година. Министерот за финансии Ларс Клингбајл за агенцијата ДПА изјави дека ќе предложи закон за продолжување на мерката, која требаше да истече на почетокот на 2026 година, пренесе „Шпигел“.

Оваа иницијатива е дел од дневниот ред на „самитот за автомобили“ што канцеларот Фридрих Мерц ќе го одржи во четврток со претставници на автомобилската индустрија, синдикатите и покраинските власти. На состанокот ќе се разгледуваат начини за справување со кризата во секторот.

Автомобилската индустрија која е еден од најважните индустриски столбови на Германија се соочува со пад на продажбата, растечка конкуренција од Кина, американски царини и тешкотии во транзицијата кон електрични возила. Последниве недели повеќе добавувачи најавија укинување на илјадници работни места.

РЕКЛАМА

„Мораме да составиме силен пакет за да ја поведеме германската автомобилска индустрија кон иднината и да ги зачуваме работните места. Иднината е електрична,“ нагласи Клингбајл.

Здружението на автомобилската индустрија (VDA) ја повика владата да ја спроведе мерката без одлагање. На самитот ќе се разгледува и социјална лизинг-програма за да им се помогне на домаќинствата со ниски и средни приходи да преминат на електрична мобилност – уште едно ветување на коалицијата на ЦДУ на Мерц и СПД на Клингбајл.

Очекувана тема ќе биде и забраната на продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, воведена од ЕУ. VDA и Мерц бараат нејзино укинување, додека министерот за животна средина Карстен Шнајдер од СПД инсистира таа да остане во сила.

Извор:Spiegel.de

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба