Париз. 26 август 2025 – Најголемиот батериски систем за складирање енергија во Франција, со капацитет од 100 MW/200 MWh, беше приклучен на електроенергетската мрежа во пристаништето Нант-Сен-Назер. Проектот, развиен од британската компанија Harmony Energy, се очекува целосно да биде оперативен до крајот на 2025 година.
Системот е поврзан со националната преносна мрежа Réseau de Transport d’Électricité (RTE) со напон од 63 kV, што овозможува оптимални услови за балансирање на мрежата. Батериите се од типот Tesla Megapack, управувани преку Autobidder платформа за интелигентно полнење и празнење.
„Животниот век на системот се проценува на околу 15 години, но може да се продолжи со модернизација на опремата,“ изјавија од компанијата.
Локацијата каде што е изграден проектот претходно била зафатена од термоцентралата Cheviré, која работела од 1954 до 1986 година на јаглен, гас и нафта.
„Складирањето на енергија не е само техничка алка во енергетскиот систем – тоа е клучен столб за создавање нискојаглероден, доверлив и одржлив модел. Cheviré претставува симболичен пример за енергетската транзиција и трансформација на поранешни индустриски локации во ресурси за иднината,“ изјави Енди Сајмондс, извршен директор на Harmony Energy за Франција.
Извор: Ess-news.com