Фајненшл Тајмс: ЕУ со предлог за забрана за нови договори за руски гас

Брисел. 16 јуни 2025 – Европската комисија ќе предложи целосна забрана за склучување нови договори за руски гас, користејќи го трговско законодавство на ЕУ за да се избегне вето од земјита како Унгарија и Словачка. Според нацрт-предлогот во кој увид имал Financial Times, забраната би стапила на сила веднаш, а целта е постепено да се прекине зависноста од рускиот гас до 2028 година.

Според документот, сите нови договори со руски добавувачи ќе бидат забранети веднаш по усвојувањето на предлогот. Постоечките краткорочни договори, како и увозот на гас преку гасоводи и течен природен гас (LNG), ќе мора да престанат до 2026 година. Долгорочните договори ќе бидат целосно прекинати на 1 јануари 2028.

Како отстапка, за Унгарија и Словачка, кои се земји без излез на море со значителна зависност од рускиот гас, се предвидува продолжување на важечките договори до крајот на 2027 година.

Реклама

Предлогот е дел од поширока стратегија на ЕУ за прекин на енергетската зависност од Русија, по нејзината целосна инвазија на Украина во 2022 година. Тој е одвоен од претходната иницијатива за забрана на гасоводите „Северен тек“, и доаѓа како дополнителен чекор во новиот пакет санкции на Унијата.

Наместо санкции, кои бараат едногласна согласност, Европската комисија се повикува на европското трговско право и членови од основачките договори на ЕУ кои овозможуваат ограничувања во интерес на енергетската безбедност. Овој правен пристап овозможува донесување на мерката со квалификувано мнозинство, заобиколувајќи потенцијални блокади.

„Нашата цел е ниту една земја да не остане без сигурно снабдување и да ги одржиме цените стабилни“, изјави европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен.

Според Financial Times, иако земјите како Франција и Шпанија го поддржуваат предлогот и се залагаат за енергетска диверзификација, Унгарија се спротивставува. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто побара повлекување на предлогот, повикувајќи се на зголемената нестабилност на енергетските пазари поради конфликтот меѓу Израел и Иран.

Според истражувањата на тинк-тенкот Ember, рускиот гас сочинувал околу 14% од вкупниот увоз на ЕУ во 2024 година, што е значително намалување во однос на 2022 година, но сепак повисоко од 2023, поради раст на LNG увозот од Русија.

Извор: Financial Times

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement