Наскоро исплата на субвенциите за електрична енергија за ранливи домаќинства во 2025 година

Скопје. 02 мај 2025 – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги завршува административните проверки на 745 апликации пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година. Апликациите се однесуваат на две категории: домаќинства со деца со попреченост и згрижувачки семејства.

Од вкупно 488 апликации за домаќинства со деца со попреченост, 344 имаат уредна документација, додека 144 се одбиени. За згрижувачките семејства, од 257 апликации, 110 се со комплетна документација, а 102 се одбиени. Комисијата е во завршна фаза на обработка, по што ќе следува проверка на податоците со УЈП, Министерството за труд и социјална политика и ЕВН Хоум.

Advertisement

Конечните списоци на одобрени домаќинства се очекуваат во јуни 2025 година, кога ќе започне и исплатата на субвенциите. Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи, одобрените домаќинства ќе добиваат месечна субвенција од 1.000 денари за покривање на дел од трошоците за електрична енергија во период од 12 месеци.

Оваа мерка е дел од заложбите на Министерството за поддршка на ранливите категории граѓани преку таргетирани мерки за намалување на енергетските трошоци.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:
Add a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement