ЕВРОСТАТ: Сончевата енергија главен извор на електрична енергија во ЕУ во јуни 2025

Брисел. 30 септември 2025 – Во вториот квартал од 2025 година, 54% од нето произведената електрична енергија во Европската унија доаѓала од обновливи извори, што е зголемување во однос на 52,7% во истиот период лани, покажуваат податоците на Евростат.

Најголем придонес за растот има сончевата енергија, која во вториот квартал произведе 122.317 гигават-часови (GWh), што претставува 19,9% од вкупната електрична енергија.

Инаку, Јуни 2025 година влезе во историјата како прв месец во кој сончевата енергија (22%) стана главен извор на електрична енергија во ЕУ, пред нуклеарната (21,6%), ветерната (15,8%), хидроенергијата (14,1%) и природниот гас (13,8%).

РЕКЛАМА

Меѓу земјите членки, највисок удел на обновливи извори во вториот квартал имаше Данска (94,7%), по која следат Летонија (93,4%), Австрија (91,8%), Хрватска (89,5%) и Португалија (85,6%). Најниски удели се регистрирани во Словачка (19,9%), Малта (21,2%) и Чешка (22,1%).

Во 15 земји на ЕУ е забележан раст на уделот на обновливи извори во нето-производството, а најголеми годишни зголемувања имале Луксембург (+13,5 процентни поени) и Белгија (+9,1 п.п.), главно поради зголемувањето на сончевата енергија.

Според изворите, најголемиот дел од електричната енергија од обновливи извори доаѓа од сончева енергија (36,8%), ветерна (29,5%) и хидроенергија (26%), а помал дел од согорливи обновливи горива (7,3%) и геотермална енергија (0,4%).

Извор: Евростат

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба