Европските складишта за гас успешно се полнат пред зимската сезона

Брисел. 4 септември 2025 – Европските складишта за гас се исполнети со 78% и се движат кон целта да достигнат најмалку 90% исполнетост до почетокот на ноември, покажуваат податоците на Европската асоцијација на оператори на гасни мрежи (GIE).

Според европската регулатива усвоена во 2022 година, земјите-членки мора да обезбедат најмалку 90% исполнетост на подземните складишта пред зимата, со цел сигурна и конкурентна испорака на гас. Оваа мерка беше воведена по руската инвазија врз Украина и санкциите на ЕУ, со кои беше прекината дотогашната зависност од Русија како најголем снабдувач со енергенси.

Европската комисија дополнително усвои и меѓуцелни рокови за полнење на складиштата – 1 февруари, 1 мај, 1 јули и 1 септември 2025 година, кои важат и за земјите што немаат сопствени складишта, но се поврзани преку гасната мрежа.

РЕКЛАМА

Иако постоеја стравувања дека геополитичките и пазарните промени ќе го загрозат остварувањето на целта од 90% оваа година, септемвриските податоци покажуваат дека повеќето земји успешно ги исполнуваат обврските. Складиштата во Италија и Хрватска се веќе на речиси 89% исполнетост, што е над поставените цели, додека Австрија има над 80%. Единствено Унгарија заостанува со 68% исполнетост, под меѓуцелта од 83% за 1 септември.

Од усвојувањето на регулативата во јуни 2022 година, ЕУ постојано ги надминува поставените цели. Минатата година, на пример, складиштата беа исполнети со околу 95 проценти до 1 ноември, што претставува една третина од годишната потрошувачка на гас во Унијата.


Извор: Gis.eu

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба