Европскиот енергетски пазар пред тешка зима, предупредуваат аналитичарите

Европскиот пазар на електрична енергија се соочува со сериозни предизвици во пресрет на зимата, предупредуваат аналитичарите на Montel Analytics. Според нив, континентот влегува во сезона со зачестени негативни цени на струјата, ограничени залихи на гас и можни временски неповолности.

Во третиот квартал од годинава повеќе европски земји забележале рекорден број периоди со негативни пазарни цени. Трендот, според извештајот, може да продолжи и во последните месеци од годината, особено кога има силно производство од ветерни електрани, за време на викендите и вечерните часови.

„Негативните цени ќе продолжат сè додека не се зголеми капацитетот за складирање или не се поттикне поголема флексибилност кај потрошувачката,“ наведуваат од Монтел.

РЕКЛАМА

Европските резерви на природен гас моментално се околу 10% под целното ниво, што би можело да предизвика раст на цените на струјата доколку побарувачката се зголеми. Студен бран во раната есен дополнително би ја засилил конкуренцијата со азиските пазари за набавка на течен природен гас (LNG), предупредуваат аналитичарите.

Се очекува и послабо производство на хидроенергија во нордиските земји, освен ако не се забележат обилни врнежи што ќе ги пополнат акумулациите. Временските услови ќе бидат клучни, бидејќи првичните прогнози најавуваат постудена зима од вообичаеното.

Од јули до септември, европските земји, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, произвеле 340,7 терават-часови електрична енергија од обновливи извори, што е за 4% повеќе од минатата година. Во истиот период, нуклеарното производство опаднало за 6%, со најголеми падови во Белгија и Шведска, додека Франција бележи благ пораст.

Извор: Montelnews.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба