ЕУ со нова буџетска рамка 2028-2034: Драматично зголемување на инвестициите во енергетска инфраструктура

Брисел. 17 јули 2025 – Европската комисија во средата предложи амбициозен буџет од 2 трилиони евра (2,31 трилиони долари) за периодот 2028 до 2034 година, со нов приоритет на економската конкурентност и одбраната, како и планови за темелна реформа на традиционалното трошење за земјоделие и регионален развој.

„Ова е буџет кој одговара на амбициите на Европа, се соочува со нејзините предизвици и ја зацврстува нашата независност,“ изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција во Брисел.

Во рамките на новиот буџет, Комисијата предлага драматично зголемување на инвестициите во енергетска инфраструктура. Се предлагаат 30 милијарди евра од програмата Connecting Europe Facility да бидат наменети за проекти поврзани со електрични мрежи, складирање на енергија и хидрогенска технологија — за разлика од само 6 милијарди евра во претходниот период.

РЕКЛАМА

„Ова ја засилува енергетската независност и ја забрзува транзицијата кон чиста енергија,“ истакна фон дер Лајен.

Дополнително, таа најави нов механизам кој ќе им овозможи на земјите-членки да добијат заеми до 150 милијарди евра, гарантирани од ЕУ, за приоритетни цели како што се енергетиката и одбраната.

Електричните мрежи, како и други енергетски технологии, ќе добијат поддршка и преку нов фонд за конкурентност вреден 410 милијарди евра. Поранешниот шеф на Европската централна банка, Марио Драги, во својот извештај, насловен како „Извештајот на Драги“ предупреди дека застарените мрежи ја попречуваат способноста на Европа да се натпреварува со економиите на САД и Кина.

Фон дер Лајен посочи и на шесткратно зголемување на финансирањето за чисти технологии и декарбонизација, како и интегрирана цел од 35% од вкупниот буџет — или околу 700 милијарди евра, наменети за клима и заштита на животната средина. Овие средства би се користеле за адаптација кон климатските промени, заштита на водните ресурси, намалување на загадувањето и поттикнување на кружната економија.

Сепак, еколошките организации изразија загриженост дека новата формула, која ги спојува постојните 30% за клима и 10% за биодиверзитет во единствена ставка, би можела да резултира со намалено внимание и помали средства за заштита на биолошката разновидност.

Извор: Politico/Euractive

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads