ЕУ: Нови правила за транспарентност и правичност на енергетските пазари

Брисел. 20 август 2025 – Европската комисија отвори јавна консултација за два нацрт-сета правила со цел зголемена транспарентност и правичност на енергетските пазари во ЕУ. Станува збор за регулативи подготвени во рамки на Регулативата (ЕУ) 1227/2011 за интегритет и транспарентност на големопродажните енергетски пазари (REMIT), изменета во 2024 година. Рокот за доставување мислења е до 15 септември 2025 година.

Првиот сет се однесува на Предлог-делегиран регулатив за платформи за внатрешни информации и регистрирани механизми за известување. Неговата цел е поедноставување и правично регулирање на надзорот над субјектите кои доставуваат енергетски податоци до Агенцијата за соработка на енергетските регулатори (ACER). По завршувањето на консултацијата и анализа на добиените коментари, Комисијата ќе го усвои документот, по што Европскиот парламент и Советот ќе имаат два месеци за евентуални забелешки. Ако тие не реагираат, регулативата ќе стапи во сила.

Вториот сет правила предвидува измени на постојната Имплементирачка регулатива (ЕУ) 1348/2014 за известување на податоци. Со него се подобрува начинот на кој енергетските податоци се доставуваат до ACER, што ќе овозможи поефикасен надзор врз големопродажните пазари и откривање на можни злоупотреби. Нацрт-измените, по јавната консултација, ќе бидат ставени на гласање пред релевантниот комитет составен од претставници на земјите-членки. Во случај на позитивен исход, Комисијата ќе ја усвои регулативата.

РЕКЛАМА

Двата сета правила се очекува да бидат донесени и да стапат во сила на почетокот на 2026 година, со предвиден преоден период за прилагодување на засегнатите актери.

Извор: Европска комисија

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба