ЕУ: Нова динамична формула ја намалува ценовната граница за руската нафта на 44,10 долари за барел

Брисел. 16 јануари 2026 – Европската унија во текот на вчерашниот ден за првпат започнс да го применува новиот автоматски и динамичен механизам за прилагодување на ценовната граница за руската сурова нафта. Со него, максималната цена е намалена на 44,10 американски долари за барел, а мерката стапува во сила од 1 февруари.

Договорите склучени според претходната ценовна граница ќе можат да се реализираат во рок од 90 дена, почнувајќи од 15 јануари.

Механизмот е воведен со 18-тиот пакет санкции на ЕУ, со кој ценовната граница беше намалена од 60,00 на 47,60 долари за барел. Новиот систем предвидува ценовната граница секогаш да биде 15% пониска од просечната пазарна цена на нафтата „Уралс“ во претходниот референтен период од 22 недели.

РЕКЛАМА

Ограничувањето на приходите на Русија од енергенси останува еден од клучните приоритети на Европската унија, со цел да се ослаби способноста на Москва да ја финансира, како што ја оценува ЕУ, нелегалната војна на агресија против Украина.

Ценовната граница ќе се преиспитува редовно на секои шест месеци од страна на Европската комисија, со можност за вонредни ревизии доколку тоа го наложат состојбите на нафтените пазари или други непредвидени околности. Комисијата е во постојан контакт со земјите членки и меѓународните партнери за координација на мерките.

Механизмот за ценовна граница беше воспоставен од Коалицијата на Г7 во 2022 година и се однесува на руската нафта што се транспортира по море и на нафтените деривати. Според правилата, оператори од ЕУ смеат да обезбедуваат поморски транспорт и поврзани услуги само доколку нафтата се продава по цена еднаква или пониска од утврдената граница. Целта е да се изврши притисок врз руските приходи, а истовремено да се зачува стабилноста на глобалните енергетски пазари.

Извор: Европска комисија

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба