ЕУ инвестира 852 милиони евра во производство на батерии за електрични возила

Шест големи проекти од осум земји-членки ќе добијат неповратна поддршка од Иновацискиот фонд на ЕУ

Брисел. 9 јули 2025 – Европската комисија минтата недела објави дека ќе инвестира 852 милиони евра неповратни средства во шест големи проекти за производство на батерии за електрични возила, со цел забрзување на зелената транзиција и зајакнување на индустриската независност на Европската унија.

Средствата се обезбедени преку Системот за тргување со емисии на стакленички гасови (EU ETS), а ова е првата распределба на финансиска поддршка во рамките на специјалниот повик објавен во декември 2024 година.

Реклама

Комисијата избра шест проекти од вкупно 14 апликации пристигнати од осум земји-членки. Изборот е направен по ригорозна стручна проценка, базирана на критериуми како што се иновативност, потенцијал за намалување на емисиите, техничка и финансиска одржливост, можност за репликација на технологијата, ефикасност на трошоци и придонес кон стратешката отпорност на европскиот синџир на снабдување.

Проектите треба да започнат со работа најдоцна до 2030 година и се очекува да обезбедат годишен капацитет за производство од приближно 56 GWh батериски ќелии. Според проценките, ова ќе доведе до намалување на стакленички гасови од 91 милион тони CO₂ еквивалент во првите десет години од нивното функционирање.

Еврокомесарот за климатска политика, нулта емисија и одржлив раст, Вопке Хоекстра, изјави дека оваа инвестиција е конкретна поддршка за целите на зголемување на конкурентноста и развој на напредни технологии за декарбонизација.

„Овој повик, посветен исклучиво на батерии, ја потврдува решеноста на Комисијата да го спроведе Индустрискиот акциски план за автомобилскиот сектор и претставува јасен чекор кон чиста индустриска транзиција“, изјави Хоекстра.

Финансирањето ќе ги покрие и капиталните и оперативните трошоци на проектите, со исплата во фази, зависно од напредокот на секој проект. Дел од средствата ќе бидат достапни уште во фазата на изградба и поставување на производните капацитети, со цел да се забрза реализацијата.

Извор: Европска комисија

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement