Скопје. 16 октомври 2025- Државната компанија ЕСМ ги потпиша првите договори за набавка на јаглен за претстојната сезона, со пониски цени во споредба со минатата година.
За РЕК Битола, 100 илјади тони јаглен ќе испорачува грчката фирма „Протергиа енерџи“, ќерка на „Митилинеос“, по цена од 449 денари за гигаџул. За ТЕЦ Осломеј, договорот е склучен со „Рис-инженеринг“, по цена од 448 денари за гигаџул.
Минатата година, цените на јагленот што го набавуваше ЕСМ се движеа од 445 до 540 денари за гигаџул. Новите цени се поволни и треба да помогнат во стабилизирање на производните трошоци. Во наредниот период, компанијата планира да обезбеди уште над 900 илјади тони увозен јаглен, со цел да го надомести недостигот од домашното производство.
Инаку, од цената на увозниот јаглен зависи и новата цена на електричната енергија за домаќинствата, која треба да биде утврдена до крајот на годинава. До крајот на ноември, Регулаторната комисија за енергетика ќе ги усвои и новите тарифи за пренос и дистрибуција на струја.
Енергетика 24