EnergyPress: Нови странски инвеститори се повлекуваат од грчкиот пазар на обновлива енергија

Атина. 19 септември 2025 – Грчкиот пазар на обновливи извори на енергија се соочува со нов удар: две големи меѓународни компании – една европска и една американска – подготвуваат целосно повлекување, дознава порталот Еnergypress од добро упатени извори. Официјални соопштенија се очекуваат наскоро, но засега имињата на компаниите остануваат тајна.

Европската компанија, која влезе во Грција пред само три години, успеа да развие портфолио од над 1 GW ветерни, соларни и батериски проекти, сега на чекор од приклучување. Американскиот инвеститор, пак, ќе ја затвори својата подружница во рок од три месеци, иако првично планираше да задржи дел од уделите во проектите.

Овие повлекувања ја засилуваат негативната серија за грчкиот сектор по излегувањето на EDPR и ABO Energy, чиј бизнис го презедоа „Principia“ и „Helleniq Energy“.

РЕКЛАМА

Заднината на кризата лежи во застојот на долгорочните договори за купопродажба на електрична енергија (PPAs) – единствениот сигурен механизам за финансирање нови проекти. Дополнително, институционалната нестабилност и проблемот со прекумерното производство на струја, кое сè почесто носи нулти или негативни цени, ги одвраќаат странските инвеститори.

Сепак, надеж постои. Владата најави развој на до 4,7 GW батериски капацитети, што би можело да ја врати довербата на пазарот. Според експерти, падот на цените на технологијата за складирање во следните години би можел да отвори нови договори што ќе комбинираат соларна енергија со батерии и да донесе пресврт.

Извор: EnergyPress.eu

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба