ЕК: Енергетски достигнувања во првата година од вториот мандат на фон дер Лајен

Брисел. 1 декември 2025 – Точно една година по преземањето на вториот мандат на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, институцијата бележи серија значајни резултати во енергетскиот сектор. Под раководство на комесарот за енергија и домување Дан Јоргенсен, Комисијата продолжи да ја забрзува транзицијата кон чиста енергија и да ја зајакнува конкурентноста на Европа. Во продолжение следуваат главните достигнувања во изминатите 12 месеци.

Балтичките држави конечно синхронизирани со европската мрежа
Естонија, Латвија и Литванија на 9 февруари 2025 година целосно се приклучија на континенталната европска електромрежа преку Полска, со што ја прекинаа зависноста од рускиот и белорускиот систем. Овој чекор ја зајакнува безбедноста на снабдувањето и отвора повеќе простор за интеграција на обновливи извори.

План за достапна енергија
На 26 февруари беше претставен Планот за достапна енергија во рамки на Чистиот индустриски договор. Целта е намалување на трошоците за енергија, засилување на инвестициите и зголемена подготвеност за идни енергетски кризи.

РЕКЛАМА

Продолжени правила за гасни резерви
Поради нестабилностите на светските пазари, во март Комисијата предложи продолжување на обврската земјите-членки да одржуваат доволни гасни резерви до крајот на 2027 година. Регулативата беше усвоена во септември.

Осмо издание на нуклеарната програма PINC
Објавено на 13 јуни, извештајот укажува дека до 2050 година ќе бидат потребни околу 241 милијарда евра инвестиции во продолжување на работниот век на постојните реактори и изградба на нови, вклучително и мали модуларни реактори.

Формирана Работна група за Енергетската унија
На 16 јуни беше лансирана новата работна група што ќе го подобрува планирањето, употребата на инфраструктурата и имплементацијата на политиките, вклучително и Планот за достапна енергија.

Предлог-рамка за елиминација на руски енергенси
На 17 јуни Комисијата усвои законодавен предлог за целосно укинување на увозот на руски гас и нафта до крајот на 2027 година. Очекувањата се за политички договор до крајот на 2025 година.

Насоки за подобрување на енергетската ефикасност на зградите
Пакетот објавен на 30 јуни треба да им помогне на државите-членки во спроведувањето на директивата за енергетска ефикасност на зградите, со цел намалување на потрошувачката и зајакнување на независноста од увоз.

Платформа за енергија и суровини
На 2 јули беше лансирана новата платформа за поддршка на европските компании при набавка на енергетски производи и суровини, меѓу кои водород, гас, биометан и критични материјали.

Иницијатива за 17,5 милијарди евра за ефикасност на МСЕ
Во септември започна иницијативата за поддршка на малите и средните претпријатија во воведување технологии за заштеда на енергија. Очекува се над 350.000 компании да остварат заштеди и поголема конкурентност.

Објавена новата листа на PCI/PMI проекти
Комисијата денес ја претстави втората листа на енергетски инфраструктурни проекти од заеднички и взаемен интерес, кои ќе добијат побрзи процедури и поголема привлечност за инвеститорите.

Заклучок
Првата година од вториот мандат на фон дер Лајен донесе значајни чекори напред во енергетската безбедност, декарбонизацијата и намалувањето на зависноста од руски енергенси. ЕУ најавува продолжување на напорите за зајакнување на отпорноста, развој на обновливи капацитети и обезбедување достапна и одржлива енергија за сите граѓани.

Извор: Евроспска комисија

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба