ДЗС: Енергетската структура во август 2025 – Балансирана потрошувачка на енергенти

Скопје. 27 октомври 2025 – Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното бруто-производство на електрична енергија во август 2025 година изнесува 381.301 МWh, што претставува 93,2% од бруто-домашната потрошувачка.

Во истиот период, вкупната потрошувачка на енергенти изнесува 409.092 МWh електрична енергија, 20,185 милиони нм³ природен гас, 267.987 тони јаглен и 110.475 тони нафтени продукти. Од вкупната потрошувачка на јаглен, 99,9% е употребен за производство на електрична енергија.

Споредено со август 2024 година, потрошувачката на природен гас е намалена за 40,1%, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 7,5%.

РЕКЛАМА

Во структурата на производството на електрична енергија, термоцентралите произведоа 153.281 МWh, комбинираните и индустриските централи 87.399 МWh, хидроцентралите 79.362 МWh, соларните централи 37.373 МWh, ветерните централи 19.905 МWh, а биогасните централи 3.982 МWh.

Дистрибутивните загуби во електроенергетскиот систем изнесуваат 48.943 МWh, а увозот и извозот достигнаа 150.637 МWh, односно 122.846 МWh. Финалната потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата изнесува 202.795 МWh.

Подетални податоци и табели за електричната и вкупната потрошувачка на енергенти се достапни на базата на податоци на МАКСТАТ.

Извор: Државен завод за статистика

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба