Домљан: БиХ би можела да добие берза за електрична енергија во втората половина на 2026 година

Сараево – 26 август 2025 – Босна и Херцеговина останува единствената земја во Европа без берза за електрична енергија, иако земјите во регионот веќе одамна воспоставија сопствени пазари. Во интервју за Дневни Аваз, економистот и универзитетски професор Вјекослав Домљан, нагласува дека земјата би можела да ја добие својата прва берза дури во втората половина на 2026 година.

Иако Советот на министри во јули го усвои предлог-законот за регулатор, пренос и пазар на електрична енергија, кој е усогласен со директивите на ЕУ, законот сè уште не е пред Парламентот, а неизвесно е дали ќе биде изгласан до крајот на годината.

Домљан потсетува дека Хрватска ја основа својата берза CROPEX пред 11 години, Србија го има SEEPEX од 2016, а Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора во последниве две години воспоставија свои оператори. Според него, БиХ одамна требала да направи ваков чекор за да се регулираат вишоците и недостатоците на струја и да се формира фер цена според понудата и побарувачката.

РЕКЛАМА

„Со соодветна меѓународна помош, берзата би требало да се воспостави во Мостар, кој може да стане центар на обновливата енергија,“ вели Домљан.

Тој предупредува дека поради слаба изградба на капацитети за обновливи извори, БиХ од потенцијален извозник се претвора во увозник. Само во првите шест месеци годинава земјата увезла четири пати повеќе струја отколку во истиот период лани.

Иако граѓаните нема да имаат директни придобивки од берзата, тие би можеле индиректно да профитираат преку воведување на т.н. прозјумери – потрошувачи кои истовремено произведуваат електрична енергија.

Воспоставувањето на берза во БиХ би овозможило и поврзување со регионалните пазари, што е услов за изземање од CBAM таксите на Европската унија до 2030 година.

Извор: Avaz.ba

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба