Скопје. 27 септември 2025 – Според податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во текот на летните месеци 2025 година македонскиот енергетски систем покажа висока стабилност и самостојност.
Во јуни нето-потрошувачката изнесувала 402 GWh, а биле реализирани 434 GWh сопствено производство (учество 94,6%). Во јули, потрошувачката пораснала на 460 GWh, а домашното производство достигнало 551 GWh, што целосно ги задоволило потребите на потрошувачите. Во август биле обезбедени 424 GWh нето-потрошувачка, со 446 GWh сопствено производство, што повторно значи целосно покривање на потребите.
Најголем придонес и понатаму има АД ЕСМ, која во август произвела 169 GWh или 38% од вкупното домашно производство, по што следат независните производители со 148 GWh (33,1%), виртуелните производители со 110 GWh (24,7%) и повластените производители со 19 GWh (4,2%).
Истовремено, обновливите извори остануваат значаен дел од миксот: во јуни произведени се 31.247 MWh, во јули 23.399 MWh, а во август 19.859 MWh од повластени производители на ветерна, хидро, соларна и биомасна енергија. Вкупната инсталирана моќност од овие извори изнесува 177.842 MW, што обезбедува потенцијал за натамошно зголемување на уделот на „зелена“ струја во системот.
Енергетските аналитичари укажуваат дека ваквиот тренд на домашно производство во комбинација со зголемениот придонес на обновливите извори ја нагласува отпорноста и стабилноста на националниот енергетски сектор. Ова создава основа за поголема сигурност за домаќинствата и индустријата, намалена зависност од увоз и полесна интеграција на нови обновливи капацитети во следните години.
Tабела со клучни податоци за јуни, јули и август 2025 – и за потрошувачката и за производството, со детална распределба по категории:
Месец 2025 | Нето-потрошувачка (GWh) | Сопствено производство (GWh) | ЕСМ (GWh / %) | Независни производители (GWh / %) | Виртуелни производители (GWh / %) | Повластени производители (GWh / %) | Учество на домашно производство (%) |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јуни | 402 | 434 | 189 / 43.5% | 85 / 19.7% | 127 / 29.2% | 33 / 7.6% | 94.6% |
Јули | 460 | 551 | 214 / 38.8% | 192 / 34.9% | 121 / 22.0% | 24 / 4.3% | 100% |
Август | 424 | 446 | 169 / 38.0% | 148 / 33.1% | 110 / 24.7% | 19 / 4.2% | 100% |
Енергетика 24