Chevron со понуда за истражување на гас во грчките води

Атина. 11 септември 2025 – Американската нафтена компанија Chevron поднесе понуда за истражување на природен гас во четири офшор блокови во грчките води, во конзорциум со грчката Helleniq Energy, соопшти министерот за енергетика Ставрос Папастравру.

Постапката за тендерот беше отворена годинава, откако двете компании изразија интерес за блокови во длабоките води кај Пелопонез и јужно од Крит. Рокот за доставување на понуди истече во средата во 17 часот по локално време.

Chevron ја потврди апликацијата, истакнувајќи дека Источниот Медитеран е приоритетно подрачје во нивната иднина.

РЕКЛАМА

Грција, која произведува мали количини нафта, последните години го зголемува производството на обновлива енергија, но и натаму во голема мера се потпира на гас за производство на струја. Земјата се обидува да ги активира домашните ресурси, во рамки на европските напори за намалување на зависноста од руска енергија по инвазијата на Украина.

Откритијата на големи наоѓалишта на гас во египетските води, јужно од Крит, ја засилија надежта дека и грчкиот подморски појас може да крие значителни резерви.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја поздрави понудата на Chevron како „клучен чекор“ што ја зајакнува геополитичката улога на земјата и ја претвора во „енергетски играч“.

Тој најави дека утре ќе го пречека американскиот секретар за внатрешни работи Даг Бергман, кој првпат ќе ја посети Грција, за разговори околу понатамошното унапредување на стратешката и енергетска позиција на земјата.

Извор: Ројтерс / Ekathimerini.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба