Chevron официјално влезе на грчкиот офшор пазар на јаглеводороди

Американскиот енергетски гигант Chevron официјално влезе на грчкиот офшор пазар на јаглеводороди, откако во Атина потпиша договори за концесија со HELLENiQ ENERGY за ексклузивно право на истражување и експлоатација во четири морски блока јужно од Крит и Пелопонез.

Договорите беа потпишани во присуство на премиерот Киријакос Мицотакис и американската амбасадорка во Грција Кимберли Гилфојл. Со нив се опфатени околу 48.000 квадратни километри, со што вкупната површина под концесија за офшор истражување во Грција достигнува 94.000 квадратни километри.

Во име на грчката држава договорот го потпишаа министерот за енергетика Ставрос Папаставру и извршниот директор на EDEYEP, Арис Стефатос. Компанијата Chevron беше претставена од потпретседателот за глобални нови проекти Гавин Луис и извршниот директор на HELLENiQ ENERGY, Андреас Сиамисиис.

РЕКЛАМА

Концесиските подрачја ги опфаќаат блоковите „South of Crete 1“ и „South of Crete 2“ (35.000 км²), „South of the Peloponnese“ (11.000 км²) и помалиот блок „A2“ (826 км²).

Сеизмичките истражувања јужно од Крит се очекува да започнат кон крајот на 2026 година, додека првите истражувачки бушења би можеле да стартуваат во 2028 година, во зависност од резултатите и геолошките услови.

Премиерот Мицотакис го оцени договорот како „скок, а не обичен чекор“, нагласувајќи ја стратешката улога на јаглеводородите во глобалниот енергетски систем и позиционирањето на Грција како извозник на електрична енергија и регионален енергетски јазол во услови на европски напори за намалување на зависноста од руски гас.

Извор: Energypress.eu

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил